Турција ослободи од притвор маж осомничен за вмешаност во атентатот на претседателот на Хаити

од Stefanija Kuzmanovska
254 прегледи

Турција ослободи и испрати во САД маж кој Хаити го бараше поради неговата вмешаност во атентатот на претседателот на земјата, Жовенел Моиз, изјави денеска еден од неговите адвокати.

Моиз (53) беше убиен пред една година, на 7 јули во својот дом, а потоа беше ранета и неговата сопруга.

Хаитинецот кој живее во Мајами, бизнисменот Самир Хандал, беше уапсен по потерница на Интерпол во Турција кога во ноември минатата година ги напушти САД за Јордан, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини