Турција потпиша договор за 50 милиони дози Спутник V

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Турција потпиша договор за 50 милиони дози на руската вакцина против Ковид-19 Спутник V, а испораката ќе започне следниот месец, изјави денеска турскиот министер за здравство Фахретин Коча.

„Ние сме во последната фаза на одобрување за итна употреба на вакцината Спутник V и потпишавме договор за нејзина набавка. Турција потпиша договор за испорака на 50 милиони дози во рок од шест месеци“, рече Коча во телевизиско обраќање, пренесе Ројтерс.

Турција досега користела вакцини против Ковид-19 развиени од кинески „Синовак“ и „Фајзер / Бајонтек“ и извршила вкупно 22 милиони вакцинации, од кои 13,55 милиони ја примиле првата доза на вакцината.

Во понеделникот, рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) објави дека турските фармацевтски компании ќе произведуваат вакцина Спутник V во своите погони.