Турција е првиот земја кандидат што сака да ја произведува првата руска вакцина за Ковид 19, Спутник V, соопштија од руското Министерство за здравство, откако министрите на двете земји имаа телефонски разговор.
Русија досега тестираше две вакцини, а на пат е и третата. Конкретно Спутник V е наменета за домашна употреба, иако последните фази од тестирањето се уште не се финиширани.
„ Шефот на турското Министерство за здравство изрази интерес за организирање на производство на вакцината „ Спутник В“ во турските фармацевтски производствени капацитети, откако беа спроведени токсиколошки студии како што бара локалното законодавство“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Од друга страна, министерот за здравство на Русија, Михаил Мураско го увери својот колега од Турција дека се подготвени да ги организираат ваквите тестирања.
Турското министерство за здравство одби да ги потврди обвинувањата, но министерот Фахретин Коца преку твит објавен во вторникот вечерта потврди дека двајцата службеници оствариле телефонски разговор.
„Разменивме мислења за прашања во здравствениот сектор во кои соработуваме, имено за напорите за производство на вакцина против Ковид-19 и за меѓународните напори во кои учествуваме“, истакна Коца.
Турција пријави скоро 400.000 инфекции со коронавируси, со повеќе од 11.000 мртви од март досега.