Турското Министерство за одбрана соопшти дека првиот брод со украинско жито денеска ќе го напушти пристаништето Одеса.
Анкара најави дека товарен брод под знамето на африканската земја Сиера Леоне, кој бил натоварен со пченка, ќе тргне од Одеса за Либан во утринските часови, пренесе АП.
Останатите бродови ќе ги напуштат украинските пристаништа преку безбедносните коридори, а сето тоа е во согласност со договорот што Русија и Украина го потпишаа со Турција во Истанбул на 22 јули.