Турција воведува делумен карантин: „Бројот на починати е на загрижувачко ниво“

од Stefanija Kuzmanovska
258 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави нови мерки против епидемијата на коронавирусот денес, вклучувајќи полициски час, часови преку Интернет и забрана за угостителски објекти за прием на гости.

„Се соочуваме со многу сериозна ситуација. Бројот на починати е на загрижувачко ниво, особено во Истанбул“, рече Ердоган по состанокот на владата.

Претседателот на Турција најави забрана за движење за време на викендот од 20:00 до 10:00 часот, а рестораните и кафулињата ќе обезбедуваат услуги за достава на храна само дома.

Трговските центри, супермаркети и фризери ќе мора да се затворат во 20 часот, додека кината ќе бидат затворени до крајот на годината, а часовите за студентите ќе бидат на Интернет.

Ердоган предупреди дека мерките ќе бидат дополнително заострени доколку епидемијата продолжи да се шири.

Околу 420.000 луѓе се заразени во Турција од почетокот на епидемијата на вирусот, од кои 11.700 починаа.

Многу организации на лекари и здравствени работници сметаат дека бројот на заразени и починати е поголем од официјалните податоци.

Слични содржини