Турците предложија поделба на Кипар на две држави, Грција одби

од Nikola Popovski
263 прегледи

Делегација на кипарските Турци денес предложила Кипар да се подели на две држави, со цел да се стави крај на конфликтот со кипарските Грци и да се постават двете островски заедници на еднакво рамниште, но Грција го одбила ова барање.

Во 1974 година, медитеранскиот остров бил поделен помеѓу Грците на југ и Турците на север. Сепак, само Турција ја признава отцепената држава во северен Кипар.

Предлогот бил презентиран во неформални разговори со генералниот секретар на ООН, Антонио Гутиерез, кој ги повика двете страни да бидат „креативни“ по застојот на разговорите.

Во разговорите учествуваат и министрите за надворешни работи на Грција, Турција и Велика Британија.

Лидерот на кипарските Турци, Ерсин Татар, рече дека се надева оти предлогот ќе донесе „нова визија“, и покрај претходното одбивање од страна на Грците.

„Целта на кипарските Турци е да воспостават односи меѓу двете земји врз основа на суверена еднаквост и меѓународен статус“, се вели во нивниот предлог.

Грција веднаш го отфрли овој предлог и оцени „дека тоа е големо разочарување“.

Слични содржини