Полскиот премиер Доналд Туск во пресрет на денешната средба со американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека за време на разговорот ќе посочи дека капацитетите на НАТО на источното крило мора да се зајакнат.
Во пресрет на средбата со Бајден во Вашингтон, Туск рече дека НАТО мора што поскоро да ги зајакне оперативните способности на источното крило.
Ова го изјави за полската приватна телевизија ТВН24.