230
Лидерот на опозициската либерална Граѓанска коалиција (КО) Доналд Туск денеска изјави дека демократските партии се подготвени да ја преземат власта во Полска во секој момент и го повика претседателот Анджеј Дуда брзо да донесе одлуки.
„Луѓето ги чекаат првите одлуки кои ќе бидат резултат на овие избори, затоа би го замолил претседателот за енергични и брзи одлуки. Демократските партии победија, тие се во постојан контакт и тие се подготвени да ја преземат власта во секој момент“, вели Туск на видеото објавено на социјалните мрежи, пренесува агенцијата ПАП.
Тој посочи дека претседателот на државата, според Уставот, е одговорен за процесот на трансфер на власта.