Регулаторната агенција на ЕУ го тужи американски Apple за злоупотреба на својата доминантна позиција на пазарот за музички стриминг со примена на ограничувачки правила.
Ова е прв од четирите судски процеси против Apple што може да завршат со големи казни и промена на неговиот деловен модел.
Тужбата е поднесена откако шведскиот музички сервис „Spotify“ се пожалил пред две години дека Apple неправедно ги ограничува корисниците на iPhone на својот музички сервис „Apple music“.
Европскиот регулатор исто така посочува дека програмерите се принудени да го користат Apple системот за плаќање во рамките на апликациите и дека им е оневозможено да ги информираат корисниците дека постојат и други начини за купување.
„Со поставување строги правила во продавницата на Apple кои услугите за стриминг на музика ги ставаат во подредена улога, Apple спречува корисниците да избираат поевтини музички услуги и ја нарушува конкуренцијата“, изјави европскиот комесар за конкурентност Маргрет Вестагер.
Apple рече дека случајот инициран од регулаторната агенција на ЕУ е „спротивен на фер конкуренцијата“.
„Spotify стана најголемиот претплатнички музички сервис во светот и ние сме горди на улогата што ја одигравме во тоа“, се вели во соопштението на американската компанија.