Тужба против Фејсбук: Против социјалната мрежа се здружија повеќе од 40 американски држави

од Stefanija Kuzmanovska
331 прегледи

Повеќе од 40 американски сојузни држави и Федералната комисија за трговија на САД поднесоа тужба против „Фејсбук“ за нарушување на слободниот пазар.

Државната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс, која предводи 46 сојузни држави, како и областа Колумбија и Гуам во судскиот процес, рече дека „секој обид да се задуши конкуренцијата што ги попречува малите бизниси, ги намалува иновативноста и креативноста и ја намалува приватноста, ќе биде мета на нашите канцеларии“, пренесува „Jahu finans“.

„Скоро цела деценија, Фејсбук ја користеше својата доминантна позиција и монопол за да ги разбие помалите ривали и да ја задуши конкуренцијата, на штета на обичните корисници“, рече таа.

Во тужбата се тврди дека Фејсбук купува конкурентни платформи и ги одвраќа корисниците од оние кои можат да им обезбедат подобра заштита на приватноста.

Главниот дел од тужбата се однесува на купување на „Инстаграм“ за една милијарда долари во 2012 година и „Вац ап“ за 19 милијарди во 2014 година.

„Ниту една компанија не треба да има толкава неконтролирана моќ над нашите приватни информации и нашите социјални интеракции. Затоа поднесуваме тужба во корист на милиони корисници и милиони сопственици на помали компании кои се погодени од однесувањето на Фејсбук“, рече Џејмс.

Слични содржини