Постариот брат на музичката sвезда Мараја Кери, Морган Кери, поднесе тужба против својата сестра за клеветата и душевната болка предизивикана од нејзините мемоари The Meaning Of Mariah Carey.
Денес, 61-годишниот Морган, пишува Би-Би-Си, наведува дека книгата лажно сугерира дека тој бил насилен.
Резултатот од сето ова, посочува тој, е екстремната тешкотија која ја доживува сега, а неговата репутација е сериозно нарушена. Тој сè уште не кажа колкава одштета очекува, за разлика од Алисон Кери, која веќе ја тужеше својата сестра за нејзините мемоари и побара 1,25 милиони долари.
Имено, во нејзината автобиографија објавена во септември минатата година, која набрзина стана хит, Мараја тврди дека нејзината сестра на 12 години ѝ давала валиум за да ја навлече, и ја поливала со врел чај.
Пејачката, пак, не го обвини својот постар брат за насилство кон неа, туку кон нивниот татко, раскажувајќи го наводниот инцидент кога тие толку жестоко се степале што 12 полицајци едвај ги разделиле Морган и неговиот татко. Во своите мемоари таа навела и како нејзиниот брат се обидел да изнуди пари веднаш штом таа се прославила.