Една жртва на свештеникот педофил Петар Х. поднесе тужба против папата Бенедикт Шеснаесетти и други претставници на Римокатоличката црква во Германија.
Според весникот „Цајт“ и баварскиот јавен сервис „Бајрише Рундфунк“, во тужбата се наведува дека папата, кој беше првиот поглавар на Римокатоличката црква кој во својот живот се повлече од тоа место, знаел за сите околности, и додаде дека свештеникот и претходно злоставувал.
Тужителот го обвинува папата дека и покрај тоа што знаел за педофилските склоности на свештеникот, му дозволил да работи со деца и млади.
Имено, папата Бенедикт во времето кога беше надбискуп Џозеф Рацингер, тој свештеник го примил во својата епархија на почетокот на 1980-тите, иако бил казнуван поради педофилија.
Во Баварија тој свештеник извршил акти на злоупотреба на деца.
Иако кривичните дела се застарени, адвокатот на жртвата, Андреас Шулц, поднесе тужба за утврдување на вината на црквата.
Доколку судот заклучи дека свештеникот Петар Х. го злоставувал тужителот, тогаш црквата би можела да биде принудена да му плати отштета.