Двајцата главни посочени за аферата Маѓар Телеком, Али Ахмети и Владо Бучковски одржале состанок кој што не бил најавен за медиумите, а се одржел во ресторан во близина на Тетово, објави ТВ Шења.

buckovski-ahmeti-670x327

Бучковски за Тв Шења ја потврдил средбата, велејќи дека со лидерот на ДУИ биле на пријателска кафе средба. Тој негирал дека разговарале за аферата Маѓар Телеком, иако и Ахмети и Бучковски беа главните во сведочењето на Слободан Богоевски во американскиот суд, каде лидерот на ДУИ и екс премиерот на СДСМ беа обвинети за поткуп.

Екипата на Тв Шења пристигнала на местото само неколку минути откако Ахмети и Бучковски го напуштиле истото. Очевидците кои ја информирале ТВ Шења, како и оние кои присуствуваа на местото на настанот, изјавиле дека средбата не траела повеќе од 30 минути, а при разговорот се пиело само кафе.

Средбата официјално за ТВ Шења ја потврдил Владо Бучковски. Иако и двајцата се озборувани како главни осомничени во аферата Маџар Телеком, Бучковски негирал дека разговарале на оваа тема. Иако моментално нема никаква позиција и веќе одреден период не е политички активен, Бучковски рече дека со Ахмети разговарале за последните политички случувања како и за предвремените парламентарни избори.

Инаку, на сведочењето објавено од судот во Њу Јорк, поранешниот шеф на македонски ДСК, Слободан Богоевски, изјави дека грчкиот тајкун Кондаминас, освен екс премиерот Владо Бучковски, 5 милиони евра, преку посредник во Тетово, им дал и на Али Ахмети и на Муса Џафери. Се вели дека поткупот се случил за време на владеењето на СДСМ ДУИ, кога премиер беше самиот Бучковски.

Слични содржини