Социјалната мрежа Твитер ги исфрла зборовите „господар“, „роб“ и „црна листа“ заради поинклузивен јазик, објави Би-би-си.
Овие термини често се користат во програмските кодови кои настанале пред повеќе децении.
Американската банка „Морган“ најави сличен потег, додека се повеќе компании се занимаваат со расизам откако полицијата го уби Џорџ Флојд во Минеаполис.
Заменувањето на овие термини може да чини милиони и да трае со месеци, проценуваат експертите.
Во програмскиот говор, зборот „господар“ (master) се однесува на главната верзија на кодот што ги контролира „робовите“ (slave), односно репликите.
“Црната листа” се користи за да се опишат предмети кои автоматски се одбиваат, обично забранети страници.
Одделот за инженерство на „Твитер“ во четвртокот објави низа зборови кои компанијата сака да престане да ги користи заради „поинклузивен јазик“. На списокот е замената на зборовите „бела листа“ со „дозвола-список“ и „господар / роб“ со „лидер / придружник“.