Твитер го отстрани лимитот од 140 карактери во лични пораки

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Откако во четвртокот Извршниот директор на “Твитер” се повлече, компанијата објави нова голема промена – ограничувањето во должината на личните пораки меѓу корисници ќе отпадне, пренесуваат светските медиуми.0000266677-article2

Лимитот од 140 карактери, кој го издвојува “Твитер” од другите социјални мрежи, останува во сила за јавните твитови. Промената ќе настапи од почетокот на јули, а компанијата објави совети за оние кои сакаат да се подготват за неа.

Во четвртокот стана познато дека досегашниот извршен директор на компанијата Дан Костоло ја напушта функцијата и ќе биде заменет од Коосновачот Џек Дорси. Се смета дека причината е незадоволството на инвеститорите од нискиот раст на корисниците на “Твитер”. Месечниот раст на корисниците на мрежата ќе е само 14,1% оваа година, што е забавување со 30 проценти од пред две години, според податоците на еMarketer. Во 2014 година, “Твитер” привлече само 1% од дигиталната реклама, која во светски рамки е  145 милијарди долари, додека за споредба “Фејсбук” има преземено 8% од неа.