Твитер го слави десеттиот роденден

од desk4
86 прегледи

Една од најпопуларните мрежи „Твитер“ денеска го прославува десетиот роденден.

images (44)

„На 21 март пред десет години се почна со еден твит. Од тогаш, секој момент, секој ден, луѓето се поврзуваат околу работи кои ги интересираат – низ целиот свет. Првиот твит го напиша еден од коосновачите на компанијата Џек Дорси“, потсетуваат медиумите.

Твитер“ денес има 320 милиони корисници низ целиот свет кои дневно поставуваат 500 милиони твитови, што годишно е околу 200 милијарди. И покрај најавените промени, извршниот директор на „Твитер“, неодамна објави дека популарната мрежа ќе го задржи лимитот од 140 карактери за твитови.

„Твитер“ се докажа и како одлична платформа за подигнување на свеста за политички теми, ширење политички пораки и координирање на колективната акција.