Твитер има нова опција

од Vladimir Zorba
267 прегледи

Многу луѓе „слепо“ споделуваат различни приказни и само врз основа на наслови или интересни фотографии. Таквите корисници обично не знаат за што зборуваат, а нивните активности придонесуваат за ширење сензации и лажни вести.

Твитер планира да застане на патот на ваквиот начин на однесување, бидејќи несовесното споделување ја загрозува комуникацијата на Интернет. Така веќе почна тест опција за Android што треба да спречи споделување на она што не е прочитано, а тоа е функција што ги прашува корисниците дали сакаат да ја отворат статијата што се обидуваат да ја споделат.

Не е изненадувачки, Твитер дојде до ваков вид на функција, бидејќи ја засилува борбата против дезинформациите, најмногу поради претстојните претседателски избори во САД.

Други платформи преземаат слични активности за поддршка на критичко размислување и спречуваат ширење на содржина што ги загрозува слободите и придонесува за ширење на лажни, ирелевантни и погрешни информации.

Слични содржини