Твитер ќе скратува 8% од своите вработени

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Социјалната мрежа Твитер планира да скрати над 330 вработени или близу 8% од вработените, соопшти компанијата со седиште во Сан Франциско, САД. Гласините за масивни отпуштања во компанијата за микроблогирање се појавија пред многу време. Аналитичарите укажуваат дека главната цел на отпуштањата е да се осигура дека компанијата е во состојба да работи можно поефикасно со пониски трошоци.

4453130

Претходно овој месец основачот на Твитер, Џек Дорси беше назначен за извршен директор на социјалната мрежа. Тој го зеде местото на Дик Костоло, кој ја напушти функцијата на 11 јуни. Главната задача на Дорси е да привлече нови корисници, како и оптимизирање на компанијата наспроти слабите финансиски резултати. Корпоративните извештаи на Твитер во јули оваа година, покажаа дека бројот на корисници паднал на најниско ниво од 2013 година. За тековната година вредноста на акциите на компанијата се намалени за околу 14%.

Услугата за микроблогирање е основана во 2006 година. Таа обединува повеќе од 500 милиони корисници ширум светот, околу 300 милиони од нив се активни. Приходите на компанијата во 2014 година изнесуваат 1,4 милијарди долари, со загуба од 577 милиони долари.