Твитер размислува да дозволи подолги пораки

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Twitter ја разгледува идејата да дозволи објавување на подолги пораки на социјалната мрежа. Во моментов ограничувањето е до 140 карактери. Предвидено е наскоро максималниот број да стане 10 000. За тоа навести извршниот директор и ко-основач на компанијата Џек Дорси.

Image_5215734_126
Од централата на Twitter во Сан Франциско засега одбиваат коментар на оваа тема.

Според Дорси многу од корисниците на социјалната мрежа и во моментов испраќаат слики со напишан текст, подолг од оној кој би можеле да го објавуват на Twitter.