Твитовите на Маск и Кубан го катапултираа доџкоин

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Вредноста на доџкоин се зголеми за 20 проценти вчера, на 32 центи, а за такво сценарио, најмногу може даму се заблагодари на …Твитер .

Поточно, на твитовите на Елон Маск и Марк Кубан.

Лансиран како шега во 2013 година, в неодамна стана шестата криптовалута според пазарната вредност. Во моментов тежи скоро 42 милијарди долари, пишува CoinGecko.

Извршниот директор на Tesla еднаш го нарече доџкоин неговата „омилена“ криптовалута и „народна криптовалута“. Маск е поборник и на биткоинот, а неговата компанија за електрични автомобили собра криптовалути во вредност од скоро 2,5 милијарди долари.

Во средата, Маск едноставно објави на Твитер: „Dogefather SNL на 8 мај“. Ова е исто така повикување на неговите чести твитови за доџкоин – за кои тврди дека се „само за забава“ – и на планираното појавување на Маск на „Saturday Night Live“ следната недела.

Но, Маск не беше единствениот кој твиташе за доџкоин. Марк Кубан, сопственик на кошаркарскиот тим Далас Маверикс, неделава објави неколку објави за паричката која се заснова на маме. Во понеделникот, милијардерот претприемач и позната ТВ личност изјави дека неговиот тим во НБА е на пат да изврши 6.000 трансакции со доџкоин во април.

„Доџ е единствената паричка што луѓето всушност ја користат за трансакции“, рече Кубан на прашањето од корисниците зошто поддржува доџкоин.

„Луѓето ги консумираат своите доџкоини, што значи дека се повеќе компании ќе започнат да го користат.

Иако многумина предупредуваат на неговата ранливост, доџкоин ги привлече поборниците меѓу трговците кои ја користат апликацијата за тргување со акции Робинихуд, која има и функција за криптовалути. Фановите на токенот бараат од Робинихуд да воведе функција што ќе им овозможи да ги повлечат своите поседи на разни криптовалути. Во вторникот, извршниот директор на Робинихуд, Влад Тенев, рече дека компанијата работи на таква функција.

Слични содржини