„Нема посоодветна слика за односот на надлежните министерства како и надлежните институции кон проблемот со екоцидот кој се повеќе зема замав во Македонија, од видео на кое се гледа како различен отпад за вршува во Треска, кај село Шишево“, соопштуваат од „Твоја“.
„Видеото е пријавено на фб страната на Инспекторатот за животна средина од каде што е експресно отстрането. Овој сликовит приказ на анархијата во институциите е совршен одговор на извештајот на ЕК.
Не очекува зима со никаков прогрес во справувањето со загадувачите, со прогрес на сезонските вируси кои цутат во услови на аерозагадување, со недугавост во стратегијата за борба со КОВИД 19, неопремени институции, необучени кадри и политички притисок за остварување на лична корист од одредени политичко-бизнис кругови.
Извештајот на ЕК за (НЕ) напредокот на државата во областа на заштитата на животната средина е поразителен.
СПОРЕД ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА 2020 ПО ПРАШАЊЕТО НА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И БОРБАТА СО КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ СПРОВЕДУВАЊЕТО ВО СИТЕ СЕКТОРИ СÈ УШТЕ ЗАОСТАНУВА.
ДРЖАВАТА ТРЕБА ДА НАПРАВИ СЕРИОЗНИ ЧЕКОРИ:
Да ја подобри меѓусекторската координација и да ги зголеми финансиските ресурси наменети за намалување на загадувањето на воздухот на локално и национално ниво;
Да постави интегриран регионален систем за управување со отпад;
Да го спроведе Парискиот договор, вклучително и да се развие сеопфатна климатска стратегија и да усвои закон во согласност со рамката на ЕУ – 2030 година и да се развие Национален план за енергетика и клима, во согласност со обврските на Енергетската заедница.
ДРЖАВАТА ЗАОСТАНУВА ВО ПРОМЕНИТЕ ВО МНОГУ ОБЛАСТИ:
* Не е направен прогрес во областа на еколошката одговорност
* Не е направен прогрес во областа на загадувањето со бучава
* Напредокот на програмата за намалување на загадувањето на воздухот е бавен.
* Не се донесени законите за управување со отпад и специјалните текови на отпад
* Недоволни се економските стимулации за промовирање на рециклирање и спречување на создавање отпад и не постои систематски пристап за санација на жариштата во животната средина.
* Индустриско загадување и управување со ризици продолжува да опстојува како проблем меѓу другото и зарадииздавањето интегрирани дозволи и без јасно утврдување на одговорноста на загадувачот .
Ова се само дел од мерките каде што не само што нема напредок или напредокот е исклучително бавен, туку и каде што може да се идентификуваат елементи на сериозно назадување.
ТВОЈА партија смета дека заштитата на животната средина и борбата со климатските промени треба да бидат издигнати на ниво на приоритет и остро реагира на отсуството на одговорност и професионалност, како и катастрофален менаџмент на средствата за заштита на животната средина, средства кои со секој ребаланс на буџетот, стануваат се помалку.
ТВОЈА бара од одговорните овој извештај да се сфати повеќе од сериозно, бидејќи неподносливоста на ситуацијата е очигледна и без јасните забелешки дадени во Извештајот“, се вели во соопштението.