„Твоја партија“: Недозволиво е реформа во образованието да се започне во септември само со концепт без стратегија

од Берта Китинска
279 прегледи

Твоја партија се согласува дека е потребна сериозна реформа во образованието. Впрочем и во нашата програма е вклучена реформа во образованието според финскиот модел. Образованието не е привелегија, туку претставува обврска на општеството. Финското образование е производ на финското општество, а не е финското општество производ на финското образование, влелат од партијата.

Оттаму додаваат дека не можеме да се согласат  со избрзана реформа.

-Според нас, оваа реформа е можеби и поважна од влезот во Европската Унија. За нас е задучудувачки со каква неподнослива леснотија се влегува во една од најсериозните реформи.

За успешна реформа пред се потребен е консензус и потребни се сериозни подготовки.

Недозволиво е реформа да се започне во септември само со концепт, а без стратегија и акциски план.

Реформата на образованието не смее да биде избрзана. Не смееме да дозволиме повторно да се експериментира на децата. Овојпат, учениците мора да се заштитат и да им се обезбеди квалитетно образование.

Сметаме дека пред да се започне со реформа, приоритет е:

– да се подготват училиштата. Да се воспостават услови во постоечките училишта, особено оние во руралните средини. Ние се уште имаме училишта каде учениците учат во очајни услови. Се додека имаме такви училишта не можеме да зборуваме за реформи.

– да се подготват нови соодветни учебници. Приоритет на Министерството и Комисијата треба да е прочистување на учебниците, но тоа во никој случај не смее да се врши од партиски кадри. Потребно е итно да се исфрлат апсурдите од учебниците. Децата не смеат повеќе да учат според старите учебници.

Описменувањето на децата треба да е приоритет.

Рецензентите на Кембриџ учебниците треба да сносат одговорност и истите не смеат во никој случај да бидат вклучени во било која идна реформа на образованието.

– да се обезбеди образован кадар, вклучувајќи обуки на кадарот, наставни материјали и нагледни средства. Кадарот мора соодветно да е обучен и да е со ментори од надвор, неколку години доека трае реформата.

– да се врати авторитетот на наставниците.

– реформата треба да вклучува интеграција на сите деца , вклучително и оние со посебни потреби.

Кога овие услови ќе бидат исполнети може да се започне со новиот модел на образование.

Дадениот рок од Министерство за образование е нереален, и се плашиме дека реформата ќе тргне во погрешна насока. Меѓутоа доколку се исполнат горенаведените услови реформата може да се започне и да биде успешна.

Истовремено, реформата треба да биде сеопфатна и да се однесува на целокупното образование. Потребно е да има реформа и во претшколска возраст и во средно образование. Доколку се опфати само основното, може да бидат жртвувани овие неколку генерации, како што беше случај со насоченото стручно образование.

Најголемата реформа треба да започне од Комисијата за образование, наука и спорт.Во 2015 само 40% децата биле писмени. Се поставува прашањето што направила Комисијата од 2015 до 2020 за да ја подобри писменоста на децата. За лошите резулатати на писменоста и Комисијата треба да сноси одговорност.

Императив е Комисијата да не биде составена од партиски кадри. Доколку Комисијата повтoрно биде составена од партиски кадри, реформата е осудена на пропаст. Во состав на Комисијата мора да влезат еминентни, докажани, искусни и успешни лица, кои во никој случај не смеат да потекнуваат од една партија, да се членови или приврзаници на една партија, што во суштина е конгенитална мана на нашето општество, велат од Твоја партија.

Тие додаваат дека истото се однесува и на изборот на директорите на училиштата.

Ваков тип на реформа мора да донесе департизација на образованието.Во спротивно, лошото образование ќе се врати како кумулативна темпирана мина која во даден момент ќе екплодира.

И затоа, ние како Твоја се согласуваме дека овој тип на реформа за образованието е одлична идеја, меѓутоа моментот кога се започнува со реформата, неподготвеноста како и временскиот рок кој е даден за отпочнување, според нас ќе бидат проблем.

Од друга страна пак, според нас, 21,5 милиони евра се недоволни за оваа реформа. Оваа е несериозна сума за една ваква значајна реформа, и тоа создава сомнеж дали пристапот кон реформата е сериозен или е популизам на свој начин. Владата треба сериозно да се заложи и доколку треба да се задолжи, но единствено доколку се средат горе наведените проблеми и препреки.

Со оглед на фактот дека за реформата е земен кредит, тој не треба да се повлекува целосно, туку треба да се троши по транши. Во концептот за реформата се зборува за воведување предмет финансиска писменост, но веднаш неплански се трошат 21,5 милион евра, без стратегија и без акциски план.И последно, но не и помалку важно, Министерката треба да биде само фасилитатор на Комисијата, а не предводник на реформата, стои во соопштението од партијата.

 

Слични содржини