Твоја партија најостро ја осудува измамата на граѓаните на Република Северна Македонија, која по кој знае кој пат се обидува да ја спроведе владеачката коалиција предводена од СДСМ.
-Имено, власта само деклараторно пред граѓаните покажува желба за намалување на непотребните трошоци и функционерските привилегии, меѓутоа во пракса влече потези според кои е сосема јасно дека основниот мотив на политичкиот ангажман им е обезбедување на огромни привилегии на што поголем број нивни членови и функционери.
Последното именување на тн. “ Национални Кординатори ” , всушност покажува дека Владата нема никаква врска со реалниот живот и екстремно тешката ситуација во која се наоѓаат граѓаните и стопанството во услови на Ковид кризата.
Наместо да размислува како да го растерети стопанството со цел истото да преживее во ваква ситуација, владеачката коалиција покажува неверојатна креативност во измислување на непотребни работни места на кои ќе ги вдоми партиските функционери кои се неспособни за себе да обезбедат пристојна егзистенција на слободниот пазар на труд.
Замената на Министрите без ресор со тн. “ Национални Кординатори ” само ја демонстрира надменоста и потценувачкиот однос на власта кон обичниот граѓанин кој едвај преживува наспроти скапо платените непотребни функционери кои никако не сакаат да се откажат од привилегиите кои им ги овозможуваат обичните граѓани со својот труд, велат од „Твоја партија“.