Творецот на вакцината Фајзер/Бионтек: Ковид-19 ќе остане со нас уште неколку години

од Nikola Popovski
540 прегледи

Коосновачката на фармацевтската компанија „Бионтек“, Озлем Туречи, рече дека коронавирусот сигурно ќе остане меѓу населението уште неколку години.

Во изјава за американската CNBC, Туречи нагласи дека светот се уште се бори против коронавирусот и дека компанијата, која заедно со Фајзер ја разви вакцината, внимателно ја следи ситуацијата кога станува збор за можни нови соеви.

„Во овој момент, третата доза, која предизвикува дополнителен имунолошки одговор, сама по себе дејствува заштитно за секоја постојна варијанта на вирусот“, рече Туречи, пренесува „Дејли Сабах“.

Таа, исто така, изјави дека вакцините на Фајзер може да не го заштитат населението од нови видови во иднина, и дека сите во компанијата мора да бидат подготвени за таква иднина со цел да преземат брзи и ефективни мерки за заштита.

„Коронавирусот започна да се контролира, но вирусот сигурно ќе остане меѓу нас уште неколку години“, рече коосновачката на „Бионтек“.

Основачите на компанијата Бионтек, Угур Шахин и Озлем Туречи се вклучени во развојот на вакцината против коронавирус од самиот почеток, а нивните напори беа препознаени на крајот на март оваа година кога го добија највисокото германско признание за развојот на вакцина против коронавирус. На овие сопружници им бил доделен Витешкиот крст за заслуги.

Наградите ги врачија канцеларката Ангела Меркел и претседателот Франк-Валтер Штајнмаер во палатата Белви во Берлин.

Слични содржини