Британскиот TVR ќе започне со производство на Griffith V8 во 2024 година, додека целосно електричниот Griffith EV ќе биде пуштен во продажба само шест месеци подоцна.
Дополнително, планирани се за производство уште два автомобили, за кои се верува дека се електричен седан и теренец, иако датумите на нивното лансирање допрва треба да се потврдат.
Griffith V8 ќе се продава во речиси идентични спецификации со автомобилот што првпат беше претставен на Гудвуд во 2017 година, придвижуван од 5.0 литарски атмосферски V8 мотор на Ford, со околу 450-500 КС. Ќе биде достапен со шестстепен мануелен менувач.
Griffith EV ќе ја користи истата платформа како V8, но компанијата вели дека е во преговори со „високо воспоставен, водечки светски“ партнер за снабдување на платформата за развој на нејзините идни модели, кои треба да вклучуваат електричен седан и SUV.
Првата серија на Griffith V8 ќе биде ограничена на 500 единици, по цена од 90.000 фунти секоја.
Цената за Griffith EV не е откриена, но неофицијално се очекува да биде околу 150.000 фунти.