Моделот Џој Кориган (28) беше ѕвезда на модната писта за време на неделата на пливање Параисо во Мајами, Флорида. Таа прошета во два костими за капење кои ја истакнаа нејзината витка фигура.
Едно издание вклучуваше црн костим за капење, кој ги истакна нејзините затегнати нозе, а друго издание вклучуваше минијатурен розов топ и здолниште во истата нијанса.
На Џој на пистата и се придружи инфлуенсерката и модел Кара Дел Торо. Таа, пак, прошета во бели бикини кои ја истакнаа нејзината витка линија и заводливите облини, а целиот изглед дополнително го зачини со тркалезни висечки обетки и пуштена, брановидна фризура.
После тоа, таа се пресоблече во издание достојно на Викторија Сикрет – црн костим за капење украсен со реси и тантелен горен дел, а се дополнително беше зачинето со блескав накит.
Џој очигледно беше многу возбудена поради оваа прошетка по модната писта, а сето тоа го сними на Инстаграм. Таа беше среќна што ја сподели својата возбуда со нејзиното ново момче, Тед Даник (46), кој е поранешен извршен директор на „Мајспејс“, а претходно беше со актерката Тара Рид.
Иако носеше OneOne костими за капење за оваа пригода, Џој создава сопствена линија на костими за капење Naked Species со нејзината сестра Џина.
Со манекенство се занимава од 14-годишна возраст, откако агентите ја забележале во трговски центар во Северна Каролина.
Во интервју за „Максим“ во јануари 2021 година, таа зборуваше за тоа колку е опуштена кога го покажува своето тело пред камерите.
„Сакам да бидам секси и сакам да покажам малку кожа затоа што вежбам навистина напорно за да го имам телото што го имам. Отсекогаш сум била многу слободна за тоа“, објасни Џој, додавајќи: „Се трудам да ја направам секоја фотографија елегантна и визуелно да евоцира убавина и како може да изгледа една жена. Тоа е мојата цел“.