Twitter ги ублажува ограничувањата за 140 карактери на публикација. Микроблогот најави дека постепено ќе престане да брои повеќе дополнителни симболи и зборови кон општото ограничување од 140 карактери, што ќе им овозможи на луѓето да споделуваат повеќе.
Промените ќе стапат на сила етапно и во рамките на следните неколку недели. Прикачување на слики, видео, GIF-ови и дури цитирање на други твитови, веќе нема да се брои кон границата од 140 карактери.
Пишување на пораки кон конкретен профил, што станува со ставање на знакот @ пред нивното име, исто така, нема да се брои кон 140-те карактери. Дури и кога има повеќе од еден споменат профил со @, ниту еден од нив нема да се смета кон ограничувањето. Се воведува и можност за еден корисник да цитира сопствени твитови.
За сега компанијата не споменува дека ќе престане да брои и линкови до сајтови кон границата од 140 карактери. Се очекуваше и тоа да се случи, но најверојатно е оставено за во подоцнежна фаза. Twitter смета дека омекнувањето ограничувањате ќе ги мотивираат корисниците да споделуваат повеќе и различна содржина.
