Twitter поднесе тужба против милијардерот Елон Маск во обид да го принуди да го заврши преземањето на компанијата, објави претседателот на одборот Брет Тејлор.
Twitter поднесе тужба во Делавер барајќи од судот да нареди извршување на преземањето според условите договорени со Маск во мај, се вели во тужбата на 60 страници објавена од американските медиуми, пренесе „dpa“.
„Откако направи јавен спектакл со предлагање, а потоа и потпишување договор за спојување погодна за продавачот, Маск очигледно верува дека, за разлика од која било друга страна што е предмет на законот за договор во Делавер, тој е слободен да го промени своето мислење, да ја уништи компанијата, да го наруши нејзиното работење, да уништи акционерска вредност и да си оди“, се наведува во тужбата.
Маск во петокот објави дека се повлекува од договорот за купување на Twitter вреден 44 милијарди долари, повикувајќи се на неосновани тврдења дека на Twitter има многу повеќе лажни сметки од петте проценти што ги тврди компанијата.
Адвокатите на Маск тврдеа дека Twitter не ги исполнил своите обврски според условите од договорот да му ги достави на Маск потребните податоци за да ги потврди бројките.
Twitter го отфрли тврдењето, нарекувајќи го повлекувањето на Маск „невалидно и погрешно“.