214
Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека согласно Законот за даночна постапка, а поради отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ – 04 пријавата се продолжува.
Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата (25.10 2022) се продолжува за 3 (три) работни дена, односно крајниот рок за поднесување на ДДВ – 04 пријавите ќе се смета 28.10.2022 година (петок).