У17: Македонските фудбалерки без бод во евроквалификациите

Македонската репрезентација со пласманот на последното место во квалификациската група од новата сезона се сели во пониската Б-дивизија.

од Бети Божиноска
163 прегледи

Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години со три убедливи порази и без постигнат гол го заврши настапот во квалификациите за Европското првенство 2024, откако попладнево во последниот натпревар од групата А7 во полскиот град Вжешња загуби од Шкотска со 7-0 (3-0).

Избраничките на селекторот Катарина Милеска во воведното кола во силната група загубија од домаќинот Полска со 9-0, а во второто коло беа поразени од Данска со 3-0.

Македонската репрезентација со пласманот на последното место во квалификациската група од новата сезона се сели во пониската Б-дивизија.

Пласман на Европското првенство кое во мај ќе се одржи во Шведска од групата 7 обезбеди Полска, освојувајќи го првото место со максимални девет бодови

Слични содржини