Уапсен 24-годишник од Лојане, поседувал „Десерт Игл“ и рамка со куршуми

од Берта Китинска
185 прегледи

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 22.20 часот, во скопското село Арачиново, го лишиле од слобода Ч.В.(24) од село Лојане, општина Липково, затоа што при извршен преглед кај него бил пронајден пиштол „Десерт Игл“ калибар 9 милиметри и една рамка со девет куршуми.

Од МВР денеска информираат дека по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини