981
Канадскиот милијардер Френк Стронах (91) е уапсен под обвинение за пет кривични дела, вклучувајќи силување и сексуален напад, соопшти канадската полиција.
Стронах бил обвинет од неколку лица за овие злосторства, но не е прецизирано колку, а условно бил ослободен од притвор со обврска да се појави пред судот во Брамптон, Онтарио, додаде полицијата, пренесува АП.
Бидејќи се работи за случај од висок профил и поради тоа што полицијата има обврска да ги заштити жртвите, не се соопштуваат дополнителни детали, соопшти полицијата.