Уапсен американски војник бидејќи влегол во Северна Кореја

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Американскиот војник Тревис Кинг е уапсен бидејќи ја преминал границата и неовластено влегол во Северна Кореја за време на обиколката на Заедничката безбедносна зона меѓу двете Кореи, соопшти денеска Командата на Обединетите нации.

Тој приватно посетил погранично село во демилитаризираната зона што ги дели двете Кореи, ја преминал границата која од двете страни е чувана од војска, пренесува „Ројтерс“.

Командата на ОН, која управува со демилитаризираната зона и Заедничката безбедносна област (ЈСА), рече дека Кинг нема овластување и дека командата работи со колегите од КПА за да го реши инцидентот.

Демилитаризираната зона ги дели двете Кореи и нејзината граница е една од најсилните утврдени области во светот, пишува Би-Би-Си.

Таа е полна со нагазни мини, опкружена со електрична и бодликава жица и камери за надзор. Вооружените стражари се во готовност 24 часа на ден.

Слични содржини