Уапсен бегалец кој се барал за издржување затворска казна, спроведен во КПУ-Идризово

од Radmila Tasevska
219 прегледи

Вчера околу 18.00 часот на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле 49-годишниот Ш.А.Г. од гостиварска Долна Бањица.

Тој бил баран по потерница за издржување затворска казна од една година и шест месеци.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

Слични содржини