388
Руската полиција денеска го приведе братот на уапсениот руски опозициски политичар Алексеј Навални, откако изврши претрес во неговиот стан во Москва, тврди неговиот тим.
Олег, братот на Навални, беше уапсен откако полицијата извршила рација во канцелариите на приврзаниците на Навални во Москва и на уште неколку недвижнини, кои се поврзани со него, пренесува Ројтерс.
Еден од соработниците на Навални, Иван Жданов, претходно денес изјави дека маскирани лица извршиле претрес во станот на Навални во Москва.
Според Жданов, директор на Фондацијата „Навални “за борба против корупцијата, Олег, братот на Навални, во тоа време бил во станот.
Навални издржува затворска казна од 30 дена во Русија за наводно кршење на претходна условна казна.