Еден човек кој носеше маица „Камп Аушвиц“ за време на упадот во Капитол минатиот вторник бил уапсен во градот Њупорт Њуз во државата Вирџинија.
-Демонстрантот носеше маица со името на нацистичкиот логор во Полска, тој беше идентификуван и се вика Роберт Кит Пакер, објави Си-Ен-Ен.
Rioter seen wearing 'Camp Auschwitz' hoodie during Capitol siege among several arrested – ABC News via @ABC – https://t.co/b8XpORksr2
— Pete Delis (@DelisPete) January 14, 2021
Натписот предизвика шок во Америка, а на дното на маицата пишуваше „Arbeit maht fry“, што во превод значи „работата ослободува“, а тоа исто така го пишува на влезот во концентрациониот логор.
Пакер има криминално досие, бидејќи возел трипати под дејство на алкохол, а еднаш бил уапсен за измама, затоа што фалсификувал информации од јавен карактер, според податоците на судот во Вирџинија. Тој исто така бил обвинет во 2016 година за неовластен упад во туѓ имот, но случајот подоцна бил отфрлен.