220
Двајца фудбалери на премиерлигаш се уапсени откако во полиција било пријавено кривично дело – силување.
Неименуваните фудбалери играат за истиот клуб и викенов биле во притвор. Полицијата наводно разговарала со еден играч (19) поради сомнение дека го извршил нападот и помагал во силувањето.
Тој во текот на ноќта бил приведен, а потоа полицијата го сповела на испитување
Друг играч, кој исто така има 19 години, беше уапсен еден ден подоцна под сомнение за силување.
И двајцата се ослободени со кауција и сега чекаат истрагата да го каже своето.
Наводно, силувањето се случило во петокот вечерта, а потоа жртвата се јавила во полиција и неколку часа подоцна поднела официјална пријава.