Уапсен е возачот-тинејџер кој учествувал во тешката сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

од Milan1
35 прегледи

„Денеска (04.03.2025) во 15.50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “пежо” со охридски регистарски таблички, управувано од Г.В.(47) од Охрид и патничко возило „мерцедес” со регистарски таблички од Р.Словенија, управувано од А.А. (19) од с. Градец. На местото на настанот починала Д.М. (81) од Охрид, сопатничка во возилото “пежо”, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Гостивар“, велат од МВР.

„Со тешки телесни повреди се здобиле В.В. (47) и С.В. (69) од Охрид, сопатници во „Пежото“, кои со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Ургентниот центар во Гостивар за укажување на лекарска помош. Увид извршила полицијата и јавен обвинител, по чија наредба возачот А.А. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

Слични содржини