Уапсен екс-шефот на полицијата во Гостивар

од Vladimir Zorba
90 прегледи

МВР  ноќеска во полициска  акција  и апсења во Гостивар, објавија повеќе медиуми повикувајќи се на полициски извори. Уапсени се повеќе лица меѓу кои и полициски службеници, објави Press24.  Неофицијалните и се уште непотврдени информации велат дека се приведени двјаца полицајци а дека меѓу нив е и поранешниот шеф на полицијата во Гостивар.

мвр

Се сомничат за поврзаност со акцијата Чекан. Од МВР потврдуваат дека спровеле акција и дека се приведени двајца полициски службеници но не откриваат детали.

Полицијата уште прв првичната акција најави дека детално ќе се чешла работата на институциите.

Во полициска акција „Чекан“приведени се повеќе лица,кои се товарат за „злосторничко здружување“, „изнуда“, „лихварство“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“, која дејствувала на подрачјето на западна Македонија. Меѓу нив, покрај полицајци, приведени се и нотар и извршител