Уапсен фудбалер на Брера Струмица

од Симе Стоиков

Екипата на Тиквеше во рамки на 26-коло од ПМФЛ славеше над Брера Струмица со резултат од 3-1.

Но мечот игран на стадионот во Кавадарци имал трето полувреме, но не поради навивачите, туку поради самите актери на теренот.

-На 07.04.2024 во 17.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ѓ.И.(28) од Република Србија.

По завршување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ГФК „Тиквеш 1930“ од Кавадарци и ФК „Брера“ од Струмица, одигран на Градскиот стадион во Кавадарци, Ѓ.И. – играч на ФК „Брера“, физички го нападнал Д.К.(32) од Прилеп – играч на ГФК „Тиквеш“. По документирање на настанот против Ѓ.И. ќе биде поднесена соодветна пријава, пренесува МВР.

Според иницијалите и националноста, на напаѓачот, станува збор за Ѓорѓе Ивковиќ, додека нападнатиот е Даниел Карчески

Слични содржини