Уапсен мажот осомничен дека убил еден, повредил неколку лица, палел куќи и автомобили во Сисак

од Vladimir Zorba
283 прегледи

Хрватската полиција во текот на ноќта приведе лице осомничено дека убил едно и повредило четири лица во Сисак, палел куќи и автомобили, а потоа бил во бегство неколку часа.

Во соопштението на полицијата, објавено час по полноќ, се наведува дека во вооружен напад загинала 45-годишна жена, додека четири лица се тешко ранети.

При интервенцијата во овој настан полесно е повреден еден пожарникар, а лекарска помош им е укажана на две лица кои се полесно повредени при бегство.

Полицијата прецизира дека меѓу нив има и дете.

Во вооружениот напад целосно изгореле две семејни куќи и еден автомобил, а делумно изгореле уште една куќа и автомобил, се вели во соопштението на полицијата.

Хрватските медиуми објавија дека маж на околу 60 години нешто по 20 часот пукал во соседите со калашников, а потоа запалил неколку згради и автомобили.

Полицијата го пронашла по неколкучасовна потрага. Во тек е кривична истрага.

Слични содржини