Уапсен министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Уапсен министерот за безбедност на БиХ Ненад Нешиќ, јавува „Истрага“. Наредбата за апсење ја издало Обвинителството на БиХ, односно обвинителката Бојана Јоловиќ.

Нешиќ првично беше недостапен за органите на прогонот, но подоцна се предаде, по што беше лишен од слобода.

Министерот Нешиќ е осомничен за корупција. Предметните кривични дела се извршени во периодот додека бил директор на Патишта Р.С. Местел тендери за фирми во сопственост на бизнисменот Младен Лучиќ, според локалните меиуми.

Акцијата ја спроведува Министерството за внатрешни работи на РС по налог на Обвинителството на Босна и Херцеговина.

Во четвртокот наутро припадниците на МУП на РС го уапсија Младен Лучиќ, сопственик на фирмата „Легенда“ од источно Сараево. Лучиќ долги години беше близок соработник на министерот Нешиќ.

Инаку, Младен Лучиќ е брат на Милош Лучиќ, поранешниот министер за човекови права и бегалци, додава „Истрага“.

Слични содржини