172
Азербејџан го потврди апсењето на поранешниот претседател на самопрогласената република Нагорно Карабах.
Араџик Арутјуњан, кој го водеше Нагорно Карабах до почетокот на септември оваа година, е во притвор под сомнение дека „водел војна и ангажирал платеници“, кршејќи ги „меѓународните хуманитарни принципи“, соопштија од азербејџанското обвинителство.
Ерменија ги осуди апсењата на поранешните водачи или функционери на Нагорно-Карабах, особено случајот со Арутјуњан, без да прецизира кога бил уапсен.
Ерменските власти изразија жалење што „азербејџанските агенции за спроведување на законот продолжуваат да вршат произволни апсења и покрај ветувањата дека ќе ги почитуваат правата на Ерменците“ во Нагорно-Карабах.