Уапсен пратеник од Баварија поради наводни нацистички поздрави

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Германскиот политичар Даниел Халемба бил уапсен поради наводно истакнување на нацистички симболи, а нацистичкиот поздрав „Sieg Heil“ можело редовно да се слушне од седиштето на братството на кое му припаѓа.

Дваесет и двегодишникот бил избран за член на баварскиот покраински парламент и е член на Алтернатива за Германија (АфД), десничарска партија во Германија.

Полицијата ги пребарала просториите на неговото студентско братство Теутонија Праг и пронашла неколку нацистички симболи.

Халемба беше уапсен само неколку часа пред да добие пратенички имунитет.

Тој беше меѓу 32-та пратеници на неговата партија кои го добија мандатот на изборите, на кои АфД го постигна својот најдобар резултат во Баварија досега и ќе биде најголемата опозициска сила во тој регион.

Полицијата изврши рација во штабот на братството на Халемба минатиот месец, откако соседите се пожалиле на нацистичките скандирања кои доаѓаат од таму.

Одземениот материјал ги „потврди сомнежите“, соопшти полицијата.

Изговарање на главниот нацистички слоган е забрането во Германија, како и истакнување нацистички симболи.

Полицијата во петокот издаде налог за апсење, а Халемба беше уапсен во близина на Штутгарт, во регионот Баден-Виртемберг, во понеделникот наутро.

Обвинителството за Би-Би-Си изјави дека го земале предвид ризикот да ја напуштат земјата, бидејќи Халемба е во бегство од 26 октомври.

Тој е под истрага поради сомнение за бунт против системот и поседување на забранети симболи.

Надлежните го обвинуваат и за прикривање докази, бидејќи наводно се обидел да влијае врз другите членови на неговото братство да ги променат нивните изјави.

„Сакаат да ме уапсат. Користат целосно незаконски налог за апсење“, истакнал Халемба во видеото објавено на социјалните мрежи пред апсењето.

Слични содржини