Уапсен претседателот на Сампдорија! Фереро веќе е префрлен во затвор

од Vladimir Zorba

Денеска е уапсен е претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро! Тој е под истрага за корпоративен криминал и стечај. Самдорија не е опфатена со оваа истрага.

Италијански „Кориере дело спорт“ наведува дека Фереро е префрлен во затвор, додека уште пет лица се во домашен притвор. Неодамна се шпекулираше дека Фереро бил под истрага за продажба на Педро Обијанг на Вест Хем во 2015 година. Тој, наводно, бил обвинет за перење пари и измама, но бил ослободен. Обвинителите сега ги разгледаа документите на компаниите во сопственост на Фереро и дознаа дека лажниот банкрот бил искористен за да се испразнат касите на тие компании.

Сосема е извесно дека и Фереро и Сампдорија ги чека тешки денови.

Слични содржини