Уапсен раперот Буба Корели (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
485 прегледи

Раперот Буба Корели, помалку познат по вистинското име Амар Хофчиќ, беше уапсен по вчерашното пукање во Сараево, пренесе „Телеграф.рс“.

Информацијата ја потврди Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон, за „Кликс.ба“.

Покрај Хоџиќ, уапсен е и маж со иницијали О. Ц. е станува збор за Омар Цуриќ, инаку братучед на Буба Корели.

Да потсетиме, вчерашното пукање се случи во сараевската населба Ступ, а се судрија пет лица, меѓу кои Хоџиќ и Цуриќ, тврди „Кликс“.

На пукањето, наводно, му претходела масовна тепачка во која биле повредени две лица, по што биле пренесени во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.

Од полицијата, споменатиот портал дознава дека повредените лица не биле повредени од огнено оружје, туку од тепачката што претходела на пукањето.

Инцидентот се случил околу 16:30 часот, а полицијата пронашла две повредени лица.

– Апсењето се случи во 22.55 часот, уапсени се две лица – изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на КС, Мирза Хаџиабдиќ, за „Дневни аваз“, по повод апсењето.

Буба Корели беше уапсен на улицата Љубjанска, каде беше пронајден во возило. По тој повод, исто така, беше извршен претрес во неговото возило. Тој е обвинет за предизвикување општа опасност, носење оружје и нанесување тешки телесни повреди.

По едно лице кое во моментот на пукањето било во Мерцедес сè уште се трага. Распишана е потрага по тој автомобил.

Буба Корели е во просториите за притвор на Министерството за внатрешни работи на КС и чека да излезе пред обвинителот.

Да потсетиме, по пукањето, Буба Корели рече:

– По повод денешниот инцидент што се случи, беше споменато моето име. Јас, Амар Хоџиќ, се најдов во погрешно време, на погрешно место и во никој случај не сум поврзан со пукањето – рече Корели за „Аваз“.

Слични содржини