Турската полиција го уапсила и притворила главниот уредник на весникот на англиски јазик Today’s Zaman, Булент Кенес поради тоа што на социјалната мрежа Twitter поставил неколку твитови во кои го критикувал турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Полицајците го уапсиле Кенес во редакцијата во Истанбул, а додека го изнесувале надвор, новниарите и насобраните граѓани скандирале „слободните медиуми не смеат да се замолчуваат“. Апсењето било пренесувано и во живо на неколку телевизии.
Налогот за апсење бил издаден од страна на надлежниот суд, кој оценил дека Кенес преку своите твитови го навредил турскиот претседател, а отежнувачка било тоа што на почетокот на годината турскиот новинар бил осуден на услова казна затвор, исто така поради навреда кон Ердоган.