Уапсен уште еден член од кланот на Веља Невоља (ВИДЕО)

од Milan1
338 прегледи

Во продолжение на големата акција на српското МВР, припадници на Службата за борба против организиран криминал, по наредба на Обвинителството за организиран криминал, го уапсија М.В., деветнаесеттиот припадник на организирана криминална група.

При претрес на станот во кој непријавено живее М.В. пронашле околу 5,5 килограми наркотична дрога кокаин и околу 4,5 литри амфетамин.

Исто така, пронајдена е една рачна мешалка, кујнска вага и машина за вакумирање. При претрес на станови и други простории на 22 локации кои ги користеле членовите на оваа организирана криминална група, полицијата пронашла вкупно околу 6,5 килограми кокаин, околу 13 килограми марихуана, 4,5 литри масло од амфетамин, неколку парчиња огнено оружје и муниција, повеќе патнички моторни возила и пари во вредност од околу 2.500.000 динари.

Слични содржини