Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва

од Nikola Popovski
229 прегледи

Во Москва уапсен е Џумохон Курбанов, дванаесеттиот обвинет во случајот со терористичкиот напад на трговскиот центар Крокус.

„Барањето на истрагата е испочитувано и против обвинетиот Курбонов одредена е превентивна мерка притвор до 22 мај“, се вели во одлуката на судијката Евгенија Николаева.

Во документ објавен на Телеграм каналот на московските судови од општа надлежност, се наведува дека напаѓачот е одговорен за комуникацијата на терористите, пренесува РИА Новости.

„Истрагата утврди дека Курбанов учествувал во обезбедувањето средства за подготовка на терористички акт, вклучително и обезбедување на телекомуникациска опрема на членови на организираната група и нивно систематско плаќање“, се наведува во документот.

Курбанов на 11 април бил приведен за „ситно хулиганство“, а пред судот се изјаснил дека „не го нарушил јавниот ред и не употребил непристојни зборови“, по што е пуштен на слобода.

145 лица загинаа во пукотниците и пожарот во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Красногорск, предградие на Москва, вечерта на 22 март.

Досега се уапсени 12 осомничени, меѓу кои и четворица државјани на Таџикистан, кои според рускиот истражен комитет биле директни извршители на терористичкиот напад.

Во Дагестан се приведени четворица странски државјани кои учествувале во финансирање и обезбедување оружје за криминалците.

Слични содржини