Уапсен „вампир“ од Кенија, кој убивал деца и ја пиел нивната крв: Вели дека уживал во злосторствата (ВИДЕО)

од Берта Китинска
480 прегледи

Полицијата во Кенија се огласи на социјалните мрежи за да предупреди за млад човек по име Мастен Милмо Вањала (20) кој тврди дека убил десет деца како „крвожеден вампир“.

Тој, наводно, бил уапсен во средата, бидејќи наводно признал убиство на 10 деца во главниот град Најроби и неговата околина, пренесе „Суптник“.

Прво, беа пронајдени две тела на децата во пошумениот крај на Најроби, но кога беше испрашуван, Вањала призна дека убил уште десет малолетни лица, како и дека испил крв на некои од нив.

12-годишно девојче Пјурити Мавеу е киднапирано од селото Ким Кимве, југоисточно од Најроби, а полицијата соопшти дека убиецот и ја „цицал“ крвта пред тој да го фрли нејзиното тело. Пјурити, како што велат, била првата жртва на Вањала кога имал едвај 16 години.

Како што се наведува, сите жртви се на возраст меѓу 12 и 13 години, биле дрогирани, крвта им била пиена, а потоа биле задавени.

За разлика од полициските протоколи во остатокот од светот, кениската полиција објави на Твитер: „Во шокантни извештаи од кои се крева косата на главата, убиецот раскажа страшни детали за тоа како ги намамил жртвите во вилиците на смртта пред да го исцеди животот од невините деца“.

Како што додаваат, додека семејствата биле загрижени, ѕверот долго ги убивал своите жртви, а потоа ги фрлал нивните остатоци во грмушки. Други деца беа потопени во градската канализација и оставени да скапуваат.

Во еден случај, Вањала наводно побарал откуп од родителите на момчето во износ од 30.000 кениски шилинзи, што е помалку од 300 американски долари, а тој го убил затоа што не се појавиле со парите.

 

Слични содржини